Најсреќна патничка на свет: Сама во цел авион!
- Детали
- четврток, 04 февруари 2016
Во Кина е период на гужви со приближувањето на кинеската Нова Година и веројатно претпоставувате дека авионите се преполни со луѓе кои едвај чекаат да се вратат дома во својот град.
Но, една жена имала можност да патува сама во целосно празен авион. Патничката Џанг имала можност да ужива во 2-часовен лет од Вухан до Гуангжу во празен авион.
Таа го овековечила своето патување со неколку фотографии и го објавила на кинеската социјална мрежа Weibo.
Патувањето не започнало во најдобар можен ред - нејзиниот лет CZ2833 бил одложен за 10 часа поради силното невреме.
Кога авионот веќе бил подготвен да полета, останатите патници веќе заминале со други авиони, а таа останала сама.
Летот CZ2833 е Boeing 737 - прилично голем авион за само една личност, па можете да претпоставите колку уживала во тоа.
Н. Г. | Црнобело