Хуман човек нарачал храна за гладните деца од улица, но кога ја добил сметката се изненадил од цената
- Детали
- петок, 29 јануари 2016
Луѓето како Акилеш Кумар не се сретнуваат секој ден. На прв поглед, тој е обичен човек кој работи во Дубаи.
Меѓутоа, последен пат кога бил на деловна посета на Индија, решил да направи добро дело за помалку среќните деца кои ги затекнал таму.
Еден ден додека вечерал во солиден ресторан, од другата страна на прозорецот забележал пар гладни, детски очи. Повеќе не можел да касне ни залак.
Со раката му покажал на малото момче да влезе во ресторанот, а покрај него се појавила и неговата сестричка.
Кумар им рекол слободно да седнат на неговата маса и да нарачаат што сакаат. Децата го послушале и изненадени од гестот, вечерале во тишина.
Откако сите добро се најале, дечињата се измиле во тоалетот и заминале.
Кога побарал сметка, Кумар се соочил со изненадување. Наместо бројки, на неговата сметка го пишувало следново:
„Немаме каса со која можеме да ви ја наплатиме хуманоста. Нека доброто ви биде вратено со добро“.
Д. М. | Црнобело