Девојката која пишува љубовни писма на непознати...

Луѓето понекогаш знаат да прават чудни и неочекувани работи. Понекогаш овие работи знаат да донесат непријатни емоции и болка на луѓето околу нив, но понекогаш и нешто позитивно.

devojkata-koja-pishuva-ljubovni-pisma-na-nepoznati-01.jpg

Оваа приказна не е негативна. Оваа приказна зборува за една девојка која решила да ги бара оние кои се речиси невидливи, или барем се чувствуваат така и да им донесе нешто позитивно во животот.

Хана Бренчер пишува романтични писма и ги остава насекаде во својот град за да ги пронајдат различни луѓе.

Првото писмо кое некогаш го напишала било именувано како „Ако го најде ова писмо, тогаш е за тебе“.

Можете да замислите случајно писмо во автобусот во кој секојдневно се возите или можеби ненадејно го пронајдовте во вашиот џеб? Писмо кое ќе ви даде трошка надеж дека постои добрина, дека некој ве забележал, дека некој знае колку ви е тешко?

Нејзината идеја набргу се проширила, а сега постои и интернет страна за љубовни писма. Страна која ги поврзува луѓето кои имаат потреба од љубов со оние кои можат да ја покажат преку писмо.

Една таква приказна е за самохраната мајка Бријана која открила писмо од Хана. Животот одеднаш добил поинаква смисла за неа.

Ставете се на местото на оваа жена. Можете да замислите колкаво олеснување е да знаете дека не сте сами? Дека постои некој невидлив конец кој ве поврзува со друга личност? Животот одеднаш станува полесен, нели?

Добрината се појавува тогаш кога најмалку ја очекувате.

Денес направивте некоја добрина?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Детево е мал Мистер Бин“ - Урнебесно видео од момченце што заспива додека го потстрижуваат „Како да работел 110 часа минатата недела“ – коментираат оние што имаа можност д...
Милионер од Дубаи ги сподели правилата што неговата сопруга мора да ги почитува: „Не смее да готви и... „Да не сакаш и втора жена?“ – го прашуваат некои следбенички милионерот од Дубаи...
Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од... На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, обле...
Меланија и Иванка Трамп модно усогласени на првото појавување со Трамп во оваа кампања Иванка во бело, а Меланија во црвено издание… Двете жени кои се бореа за медиумс...
8 докази дека Кинезите ги прават работите поинаку во животот Од торти до семафори, во Кина сè си има уникатна нота. Оваа држава дефинитивно с...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg