Лекција од едно момче со Даунов синдром: Секогаш одберете ја љубовта пред успешниот бизнис
- Детали
- четврток, 28 јануари 2016
Кој може да каже дека ако една личност е поразлична од просечните луѓе, се соочува со повеќе тешкотии и препреки во животот, нема да успее?
Само затоа што некоја личност има Даунов синдром не значи дека не може да биде успешен сопственик на ресторан.
Таков е случајот со Тим од Албакерки. Тој е единствениот сопственик на ресторан во САД со Даунов синдром.
Веројатно знаете многу луѓе кои и покрај тоа што немаат Даунов синдром, сепак не би знаеле како да инвестираат во свој сопствен бизнис и успешно да раководат со ресторан, а Тим и покрај потешкотиите, веќе 5 години успешно раководи со својот.
Барем досега.
Тим им изјавил на своите вработени дека по 5 години успешна работа тој ќе го затвора својот ресторан. Се прашувате зошто? Љубов.
Тим решил да се пресели во Денвер и да се венча со љубовта на својот живот - Тифани Џонсон.
„Кога гледам во нејзините очи, гледам љубов, радост и знам дека со неа имам иднина“ - вели Тим.
Некои би рекле дека тоа што го прави е лудост, но тој има поинаква приказна за раскажување:
Н. Г. | Црнобело