Видео кое ќе го гледате низ солзи: Татко го снима својот син кој се буди од трансплантација на срце

15-годишниот Тревор Саливан бил опериран и му била направена трансплантација на срцето, а неговиот татко решил да ги сними среќниот момент и солзите на момчето по неговото будење.

tatko-go-dolovil-emotivniot-moment-koga-negoviot-sin-se-budi-od-transplantacijata-na-srce-01.jpg

Оригиналното видео од тинејџерот кој се буди со солзи радосници е прегледано повеќе од 1,2 милиони пати на Фејсбук, а било пуштено и на неколку телевизиски програми ширум Америка.

Филип Саливан, таткото на Тревор, вели дека тој не се чувствувал добро повеќе од една година сè додека во февруари 2015-та година не откриле за што станува збор. Му била дијагностицирана кардиомиопатија.

По една година конечно се оперирал и добил ново срце.

Целта на ова храбро видео била да се разбуди свеста на луѓето за тоа колку многу семејства секојдневно се соочуваат со потребата за трансплантација на некој орган и колкава е важноста на донаторите.

„Го објавивме ова видео во кое Тревор се буди по операцијата за да ја подигнеме свеста за потребата од донирање на органи. После она низ кое помина нашето семејство, ни се промени сфаќањето за животот. Ние сме само едно од многуте семејства кои поминуваат низ ова трауматско животно искуство“ - вели Филип.

Тревор моментално заздравува и е во добра состојба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
Застрашувачки видеа од ерупција на вулкан во Исланд – Може да уништи цел град Твитер е преплавен со надреални, но и застрашувачки видеа од ерупцијата на вулка...
„Вака ли ќе изгледа кога ќе се врати?“ - Новиот (ужасен) портрет на Кејт Мидлтон е хит на социјалнит... „Одамна не сме ја виделе, заборавивме како изгледа“ – велат твитерџиите откако б...
Индијка (16) станала модел за да го спаси семејството од сиромаштија: „Сакам да купам куќа за татко ... 16-годишна Индијка почнала кариера како модел откако била забележана од холивудс...
Доктор од САД се нема избањато пет години: „Си ги мијам рацете, но нема потреба од туширање“ Доктор од САД вели дека се нема избањато цели пет години бидејќи воопшто немало ...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg