Зошто низ улиците на овој град има замрзнати панталони?
- Детали
- петок, 22 јануари 2016
Нешто чудно се случува во Минеаполис, Америка - „напуштени“ смрзнати панталони се појавуваат насекаде низ градот.
Том Гротинг го започнал овој бизарен тренд за да ја забавува својата сосетка Дајен која не ја сакала зимата и ставил два пара замрзнати панталони пред неговиот дом.
Но, креативноста решил да не ја ограничува само во својот двор, туку и низ целиот град.
„Ги оставам пред мојата канцеларија, точно до местото за наплата на паркинг, за луѓето да се чудат што се случува“ - вели тој.
Сега, бизарниот тренд е проширен во целиот град и многу луѓе се одлучуваат да ги замрзнат своите пантолони и да ги објават под хаштагот #FrozenPants.
Како им успева ова? Том објаснува дека прво ги наводенува панталоните, а потоа ги закачува надвор да се замрзнат.
Н. Г. | Црнобело