Ракот на невестата се проширил, па решиле да направат прекрасна зимска свадба
- Детали
- вторник, 19 јануари 2016
По три години врска, Тревор и Шарлот решиле на лето да се венчаат, но откако дознале дека ракот на Шарлот бргу се шири, сфатиле дека немаат многу време и мораат свадбата да ја направат токму сега.
Бидејќи плановите драстично им се промениле, немале многу време да заштедат доволно пари.
Луѓето од нивниот град дознале за нивната ситуација, па решиле да им помогнат за да ја имаат својата свадба од соништата.
Еден свадбен дизајнер решил да донира прекрасни свадбени декорации, фотографот Никол МекКеј своите услуги...
Најголемото изненадување се случило дента пред самата свадба, кога Шарлот од својот вереник добила дијамантски прстен иако претходно сакале да земат нешто поевтино.
Н. Г. | Црнобело