Моќна поема за начинот на кој се прикажуваат жените во медиумите (видео)
- Детали
- петок, 15 јануари 2016
Индиската актерка Калки Коелин воопшто не се воздржува во својот моќен и емоционално исполнет рецитал именуван како „The Printing Machine“.
Оваа поема таа лично ја има подготвено и во неа зборува за начинот на кој жените се прикажани во медиумите.
На драматичен начин зборува против сензационалните вести во кои се прикажува насилството врз жените, посебно за оние примери каде се опишуваат силувања и напади со киселина.
Таа отворено го изразува своето гадење од општеството кое го врти погледот на другата страна, од тоа што вестите бргу се шират, но зад себе оставаат само апатија.
Погледнете го нејзиното страсно и гневно изразување во емоционална поема:
Н. Г. | Црнобело