Жена која преживеала напад со киселина сега е заштитно лице на модна кампања
- Детали
- четврток, 14 јануари 2016
Жртва на напад со киселина, Лакшми, стана ново лице на модна кампања во Индија именувана како „Лице на храброста“ која има за цел да ги промени општествените сфаќања за физичката убавина.
Пред речиси една деценија, постар човек и неговиот пријател фрлиле киселина на Лакшми затоа што не сакала да ја прифати неговата понуда за брак. Тогаш имала само 15 години.
Сега кога има 26 години таа е пример за жените во Индија кои во минатото биле жртви на напад со киселина.
Во Индија во 2013-та година бил донесен закон за рестрикција на продажбата на киселина, но и покрај тоа овие напади продолжуваат.
Токму затоа, Лакшми продолжува со своите кампањи преку непрофитните организации како „Chhanv Foundation“ и „Stop Acid Attacks“.
Во 2014-та година таа ја доби наградата „Интернационални жени со храброст“ од Мишел Обама.
„Полека започнав да го покажувам моето лице, а потоа и други жртви почнаа да го прават тоа.“
Лакшми се надева дека со својата кампања ќе ги промени ставовите за жртвите на киселина, а и дека ќе се покренат законски мерки за намалување на ваквите напади.
Н. Г. | Црнобело