Син ѝ не сакал повеќе да се гушка, па си сплела кукла која личи на него за да ја гушка
- Детали
- четврток, 14 јануари 2016
Ова е дефинитивно нешто што не можете да го видите секој ден – мајка на која синот и недостигал многу, затоа што повеќе време минувал со пријателите, решила да си сплете верзија од синот.
Мариеке Ворслуес вели дека „нејзиниот син се дружи со своите пријатели, игра на својот телефон и слуша музика на iPod“, а многу малку време поминува со неа, па решила да си сплете „ново дете“.
Таа вели дека оваа плетка е како одавање почит на пубертетските години во кои тинејџерите нормално одлучуваат да поминуваат многу повеќе време со своите врсници отколку со родителите.
Инаку, овој тип на плетка не е прва на Ворслуес. Таа има интернет страна на која можете да сретнете многу чудни плетки за кои никогаш не би помислиле дека можат да се направат.
Н. Г. | Црнобело