Бабичка која не сакала да биде сама за празниците, поканила 50 осамени непознати луѓе за да го прослават Божиќ
- Детали
- четврток, 24 декември 2015
86-годишната Бети Вилијамсон од Девон, Велика Британија потрошила 1.362 евра за да организира Божиќна вечера за 50 осамени непознати лица кои инаку би славеле сами оваа година.
Вилијамсон резервирала цел еден паб, платила за вечера и вино и ги поканила сите оние кои сакаат да дојдат, ако на Божиќ се сами.
Бети го загубила сопругот пред 12 години и оттогаш секој Божиќ го слави сама.
„Немам роднини во близина, јас сум единствено дете, а и мојот сопруг беше. Најблиските роднини се илјадници километри оддалечени од мене“ – вели таа.
Бети го замолила локалниот одговорен орган да и помогне за да организира сè што е потребно, вклучувајќи и резервирање на хор.
50 луѓе решиле да прослават Божиќ со Бети.