Приказната зад најконтроверзонто видео на 2015-та година - „Драги дебели луѓе...“
- Детали
- среда, 23 декември 2015
Никол Арбор во септеври 2015-та година на YouTube објави видео именувано како „Драги дебели луѓе“ кое за краток период го прегледаа милиони луѓе кои прилично негативно реагирале на видеото.
Контроверзното видео предизвика силно негативни реакции поради кои Арбор била принудена да го затвори делот за коментирање кој бил исполнет со негативни коментари.
Таа вели, дека сето ова било испланирано.
„Направив маркетиншка стратегија“ – вели таа. Нејзиниот „маркетиншки план“ бил да започне со објавување на контроверзни видеа кои ќе ја зголемат нејзината популарност, кои секако, ќе завршат со најконтроверзното, „Драги дебели луѓе“.
Поминаа три месеци откако Арбор го објавила ова видео, а истото сè уште претставува извор за дебати и негативни реакции.
Таа тврди дека ова видео и донело слава како ниту едно друго претходно. Ова видео и донело илјадници долари. Добила ТВ понуди за да снима реклами или интересни видеа – можности кои се појавија како резултат на едно видео.
Пред тоа таа била непозната, а според Google Trends токму ова видео и донело слава.
Нејзиното критикување на дебелите започнува со: „Некои луѓе ќе бидат многу лути на ова видео. Но, што ќе правите дебели луѓе? Ќе ме бркате? Како Франкенштајн? Можам да избегам од вас, дури и без да трчам...“
Можеби на овој начин за краток период се прослави, но дали ќе остане запаметена, дали ќе има можност да заработува како останатите YouTube ѕвезди кои заработуваат милиони долари годишно?
Плус, дали ова е одлична идеја за да се прослави?
Генијална идеја или нешто друго? Што мислите?