Изгубила 50 килограми, но Фејсбук корисниците не и веруваат
- Детали
- понеделник, 21 декември 2015
20-годишната студентка Ебигејл Питерс изгубила половина од целокупната тежина во само 6 месеци и решила да ги објави своите фотографии на Фејсбук, но не очекувала дека ќе биде обвинета за лажирање на фотографиите.
Питерс пред трансформацијата тежела 105 килограми. Изгубила 51 килограм во само 6 месеци благодарение на строгите диети и редовното вежбање, но била шокирана откако објавила пред и потоа фотографии и била обвинета дека употребила Фотошоп.
„Со години го употребував Инстаграм како фитнес инспирација и конечно решив да ги намалам килограмите. Ги гледав фотографиите на Џенифер Лопез и Клоe Кардашијан и очајно посакував да имам стомачни како нив“ – така ја започнува својата приказна.
„Бев горда на себе и сакав да ги споделам моите фотографии, па се шокирав кога луѓето започнаа да ме обвинуваат дека фотографиите сум ги лажирала“ – вели таа.
Пред да се одлучи да најми тренер кој ќе и помогне да ослабе, таа воопшто не вежбала и постојано пиела и јадела висококалорични оброци и пијалаци.
Потоа започнала да крева тегови за да биде сигурна дека по диетата нема да има вишок кожа или стрии.
Откако го најмила тренерот Рајан Еванс, наутро појадувала сланина, јајца и кашкавал, пилешка или туна салата за ручек. Килограмите се намалувале...
Сепак, никој не верува дека изгледа така, туку повеќето корисници веруваат дека таа употребува Фотошоп на фотографиите.