Родителите секоја недела организираат Божиќ за ќерката која нема да го дочека оваа година
- Детали
- четврток, 17 декември 2015
4-годишно девојче со рак според докторите нема да преживее до следниот Божиќ, па нејзините родители го прославуваат овој празник секоја недела.
Вирџинија Роуз Вандермарк има леукемија, а според докторите нејзината состојба не се подобрува, напротив веројатно нема да го дочека овој Божиќ.
Па, нејзините родители со помош на добронамерните соседи и непознати луѓе започнале да организираат што е можно повеќе прослави.
Состојбата ја забележале оваа пролет, а набргу докторите откриле дека таа има акутна леукемија.
„Никогаш во животот не сум плачел толку многу“ – вели нејзиниот татко.
„Во само една недела од играње преминавме на тоа да откриеме што ќе правиме со работата, нејзиното лекување и борба за животот на нашата ќерка“ – изјавува на Go Fund Me страната.
Додека Вирџинија продолжува да се бори со ракот, нејзините соседи им помагаат на родителите секоја недела да организираат божиќна вечера за неа – одново и одново и пеат божиќни песни и го носат Дедо Мраз.