Зошто оваа фотка од мајка и ќерка како си играат стана вирална?
- Детали
- вторник, 15 декември 2015
40-годишната Џои Мартин Фик има рак на матката и трпи страшни болки заради кои не може да стане од својот кревет, но љубовта кон нејзината ќерка Индијана направила чудо.
Џои успеала да стане од својот кревет за да си поигра со својата ќерка. Нејзиниот сопруг вели дека тоа е вистинско чудо, затоа што никој не очекувал дека таа некогаш повторно ќе стане.
Џои има една желба, да живее до февруари за вториот роденден на својата ќерка.
На Фејсбук, Џои и Рори – нејзиниот сопруг, ја споделија оваа фотографија од моментот кога Џои седнала да си поигра со својата ќерка и бргу стана вирална со над 480.000 лајкови.
Под фотографијата ставиле објава: „Надвор е 15 степени и топло како за зима, а внатре уште потопло. Џои стана од кревет и ја учи Инди...“
It's 60 and sunny outside today and even brighter inside.. Joey's out of bed teaching signs to Indy on the floor.
-->Posted by Joey and Rory on Friday, December 11, 2015