Фејсбук статус на најгордиот сопруг: „Мојата сопруга е херој“
- Детали
- четврток, 19 ноември 2015
Рејна Вилсон не сака кога нејзиниот сопруг ја нарекува хероина, но за него таа е токму тоа. Поради нејзината пожртвуваност, сопругот Боби ѝ посветил еден Фејсбук статус кој собра над 800.000 лајкови.
Сопружниците Боби и Рејна Весон од Алабама станаа вирален хит откако Боби на својот Фејсбук профил објавил фотографија од Рејна и нивниот син Дикон и ѝ посветил нежна порака.
„Мојата сопруга не сака кога ја нарекувам херој, но таа е херој. Верувам дека на светот постојат милиони и милиони мали секојдневни херои и фала му на Бога што има такви, потребни ни се сите“ – изјавил Боби.
Ова е неговата Фејсбук објава која допре многу срца:
This is my wife taking a nap. In an hour she will wake up, put on her scrubs and get ready for work. The tools and...
-->-->Posted by Bobby Wesson on Saturday, November 7, 2015
This is my wife taking a nap. In an hour she will wake up, put on her scrubs and get ready for work. The tools and...
-->Posted by Bobby Wesson on Saturday, November 7, 2015
„Ова е мојата сопруга која дремнува. Таа за еден час ќе се разбуди, ќе ја облече својата униформа и ќе се подготви за работа.
Предметите кои ѝ се потребни за да ја изврши својата работа набрзина ќе ги собере и прегледа, набрзина ќе ја среди својата коса и шминка. Ќе се жали дека изгледа лошо. Јас, емпатично нема да се сложам со тоа и ќе ѝ ја подадам шолјата кафе. Ќе седне на каучот и ќе се обиде да го испие своето кафе додека си игра со синот.
Повремено ќе одлута со мислите додека разговараме и во тишина ќе се обиде да се соочи со смената која ја очекува. Мисли дека не го забележувам тоа.
Ќе го бакне синот, потоа и мене и ќе замине да се грижи за луѓето кои го имаат најлошиот ден во својот живот. Автомобилски несреќи, експлозии, изгоретини, рани од престрелки... работници, сиромашни, свештеници, зависници, проститутки, мајки, таткови, синови, ќерки... – не е важно кои се и што им се случило.
Таа ќе се погрижи за нив.
Ќе дојде дома 14 часа подоцна, ќе ги соблече чевлите кои поминале низ крв и солзи и ќе ги остави надвор. Понекогаш не сака да разговара со мене. Понекогаш не може да дочека да разговара со мене.
Понекогаш се смее до солзи, а понекогаш само плаче, но без разлика на сè таа ќе пристигне на работа и ќе си ја одработи својата смена.
Мојата сопруга е сестра на одделението за интензивна нега. Мојата сопруга е херој.“