Млада девојка истовремено води битка со рак и е успешен модел

Никогаш не знаете што ќе ви донесе животот и никогаш не е лесен, ниту едноставен, но важно е како ќе одлучите да реагирате на препреките. Важно е што навистина сакате да постигнете и да извлечете.

25-godishna-devojka-se-bori-so-rakot-no-toa-ne-ja-sprecilo-da-se-zanimava-so-manekenstvo-01.jpg

Една 25-годишна девојка од Ворвик, Њујорк одлучила без оглед на тоа што се бори со тешка болест, да продолжи да живее исполнет живот.

Диана Кристинсон имала само 22 години кога дознала дека боледува од малиген рак именуван како Хочкин лимфом од четврти степен.

„Само што дипломирав и се обидував да откријам кој е следниот чекор во мојот живот“ – вели Кристинсон.

Изминатите три години за неа значеле борба со болеста, хемотерапија и две трансплантации на коскена срж. Но, и покрај сите тие негативни работи во нејзиниот живот, таа се одлучила да продолжи понатаму и да се занимава со манекенство.

Моментално работи за една глобална модна агенција Major Models. Досега била дел од 6 шоуа и неколку рекламни кампањи.

За оваа професија е одлучила откако еден нејзин пријател ја замолил да ја фотографира за неговото портфолио.

Најголемиот проблем со кој се соочила била ќелавоста.

„Немав можност да откријам други модели кои се без коса и тоа понекогаш правеше да се чувствувам неудобно. Но, многу жени ме поттикнуваа со своите зборови да продолжам понатаму“ – објаснува таа.

Сега се надева дека ќе претставува инспирација за бројни луѓе кои се борат со ракот.

„Тоа што се соочувате со потешкотии во животот не значи дека треба да престанете да го живеете и да се откажете од вашите соништа“ – заклучува Кристинсон.

Би можело да ве интересира:

Љубовта „цвета“ во семејството Барет - Американец има 5 сопруги и 10 деца Жените (наводно) не се љубоморни една на друга - како изгледа животот на семејст...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Октомвриската супермесечина во Македонија и ширум светот – најблескава и најголема за 2024-та (фото) Годинешната октомвриска полна месечина е навистина посебна – покрај тоа што е су...
Бизарно: Бразилка е „во брак“ со кукла, вели дека имаат и „деца“ Во 2018 година, млада Бразилка привлече внимание во родната земја откако откри д...
Избрани најдобрите градови за живот во Европа - Скопје е при дното на листата На листата градови во кои е најдобро да се живее, прв е Цирих, а најлош, според ...
„13 години бев парализиран – Родителите мислеа дека сум во кома, но бев потполно свесен“ Приказната на Мартин Писториус од Англија е фасцинантна колку што е и застрашува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg