Фотка на денот: Баба и дедо учат непознато момче како да си ја врзе вратоврската
- Детали
- вторник, 17 ноември 2015
Оваа фотографија од постар дедо кој учи и му помага на помлад маж да врзе вратоврска во автобуската станица во Атланта, многу бргу се прошири низ социјалните мрежи од луѓе кои се воодушевуваат на самиот акт.
Фотографијата била објавена на 14 ноември од страна на Ред Дезмонд Томас. Под фотографијата тој објаснува:
„Младиот човек седеше и се обидуваше да си ја врзе вратоврската. Жената во црвениот капут тоа го забележа и го праша: Знаеш како да врзуваш вратоврска? На тоа младото момче одговори: Не, госпоѓо. Таа го поттурна по рамото својот сопруг и му рече: Дојди од оваа страна и научи го младово момче како да си ја врзува својата вратоврска.“
Како што продолжува понатаму да објаснува Томас, постариот човек се придвижил без никакво двоумење и му објасни чекор по чекор. Потоа го следел младиот џентлмен како ги повторува чекорите.
„Бев на одредена далечина, но дојдов поблиску за да направам една фотка од туторијалот пред да се качам на возот.“
Томас не бил единствената личност на која и се допаднало ова добро дело, па многу бргу фотографијата се прошири вирално.
Објавата е споделена повеќе од 190.000 пати и има повеќе од 700.000 лајкови.
: [HUMANS & HUMANITY] The young guy sitting down was struggling with his tie. The woman in the red coat noticed, and...
-->Posted by Redd Desmond Thomas on Saturday, November 14, 2015
: [HUMANS & HUMANITY]The young guy sitting down was struggling with his tie. The woman in the red coat noticed, and...
Posted by Redd Desmond Thomas on Saturday, November 14, 2015