Како една мајка која родила на 17 години станала милионерка со сопствена империја?
- Детали
- среда, 11 ноември 2015
Кејт Стјуарт е 33-годишна мултимилионерка од Ливерпул која не се срами од своето однесување како дива и од своите потрошувачки навики, бидејќи се гордее со тоа што го постигнала во животот – сама е заслужна за своето богатство.
На 17 години го напуштила училиштето, без диплома работела слабо платена работа и го очекувала своето прво дете.
„Кога останав бремена, скоро сите ме отпишаа од животот. Ми велеа дека цел живот ќе живеат од социјална помош. Верувале или не, токму тие зборови ме мотивираа да го докажам спротивното. Се вработив како секретарка во една компанија, додека вонредно го завршуваш школувањето и истовремено се грижев за својата ќерка“ – раскажува Кејт.
Како што таа објаснува, сама успеала да дојде до факултетска диплома и да основа своја компанија. Отворила неколку салони за убавина, а својот прв милион го заработила пред 10 години.
Денес може да отпатува некаде без куфер и да плати 1000 фунти од вечер за хотел. Има три деца и понатаму напорно работи за да ја прошири својата компанија.
„Се трудам на секој состанок да се појавам дотерана од глава до пети. Го почитувам своето време и туѓото, бидејќи истото вреди пари“ – објаснува таа.
Не се срами да потроши големи количини на пари за накит и гардероба: „Тоа ме прави самоуверена и полесно постигнувам успех“ – заклучува Кејт.