Ѕвечарки во уста, автомобил на глава: Најглупавите светски рекорди
- Детали
- вторник, 10 ноември 2015
Светските рекорди не инспирираат да се стремиме кон потешкото и да направиме нешто повеќе за себе. Но, во последните неколку години, тие стануваат сé побизарни и глупави.
Овие разни подвизи немаат сериозно значење за унапредување на кој било аспект од нашата култура.
Ова се едни од најглупавите светски рекорди:
Ѕвечарки во уста
Џеки Биби го држи овој рекорд од 2009 година. Тој во уста има држено за опашка 11 змии цели 10 секунди. Потоа ги исплукал и избегал за да не го каснат.
Удар со автомобил
Метју Мекнајт бил удрен од автомобил кој возел возел 112 километри на час, на 26 октомври 2001 година, во Пенсилванија. Поминал 2 недели во гипс на интензивна нега и терапија во траење од 80 дена. Влегол во книгата на рекордите како човек кој летнал најдалеку од сите, после удар од автомобил.
Огномет на тело
Тод ДеФацио ужива во поставување и кршење на светски рекорди. Неговиот најлуд подвиг се случил на 6 јули 2010 година, кога заврзал 15 ракети околу своите нозе, гради и глава, а потоа ги запалил сите одеднаш.
Најбрзо добивање на тежина
Овој рекорд во моментов и припаѓа на Дона Симпсон од Њу Џерси, САД. Таа имала 273,5kg во 2010 година кога ја поставила интернет страната каде луѓето можеле да платат за да ја гледаат како јаде брза храна.
Таа решила да го скрши рекордот на најтешката жена во светот во рок од 2 години и консумирала 20.000 калории на ден. Сепак се откажала од рекордот во 2011 година (најверојатно поради финансиски причини) и започнала со диета.
Најбрзо губење на тежина
Веројатно сите би сакале да изгубат неколку килограми за брзо време, но не сите сакаат да постават рекорд. Розали Брадфорд успеала во тоа. Таа изгубила 415 килограми за помалку од 3 години, а само првата година изгубила 190 килограми.
Автомобил на глава
Џон Еванс од Англија го поставил овој рекорд. Тој успеал да го балансира целиот автомобил на својата глава. Неговиот рекорд е 33 секунди, а тој нуди 1.000 фунти награда за секој што може да биде подобар од него. За сега тој нема конкуренција.
М. А. | Црнобело