Имала само 28 килограми и се борела за живот, а денес е инспирација за многу жени
- Детали
- петок, 06 ноември 2015
Оваа девојка се борела со анорексијата, била на раб на смртта, но успеала да се избори против оваа болест и денес гордо го покажува своето тело за да ги инспирира жените ширум светот кои не ги сакаат своите тела.
Меган Џејн имала само 28 килограми. Уште на само 14 години ја добила оваа болест, па побарала психијатриска помош. На почетокот, лекарите прогнозирале само уште недела дена живот, но спротивно на овие тврдења, успешно се спротивставила на оваа болест.
Одбрала да живее.
Сега повторно има вишок на килограми, но овој пат не се срами тоа да го покаже, ниту се обидува да го промени.
Пред 5 години научила како да го сака своето тело со сите облини. Среќна е и задоволна во својата кожа и сака да им помогне на оние кои имаат искривена слика за себе и кои не го прифаќаат својот изглед .
„Желбата да бидете слаби и згодни е опсесија која може да ве повлече на дното. Секој изгубен килограм го гледате како потенцијал и добивате уште поголема желба да станете што е можно повеќе слаби. Тогаш сфаќате дека имате анорексија. Се борите против демони, а играта ретко завршува во ваша полза“ – објаснува Џејн.
Таа отворила Инстаграм профил кој е ориентиран да им помогне на оние жени кои се борат со оваа болест или кои едноставно никако не сакаат да се прифатат себеси онакви кави што се.