Нов застрашувачки тренд - Трајно тетовирање на очите
- Детали
- вторник, 03 ноември 2015
Постојат бројни места каде можете да направите тетоважа на вашето тело и факт е дека има луѓе кои го употребуваат своето тело како платно каде ги изразуваат своите креативни идеи, желби и мотиви.
Но, ако мислите дека досега буквално сè сте виделе, односно тетоважа на секој дел од телот – се лажете. Нов, застрашувачки тренд е тетовирање на белката од окото. Токму така, добро прочитавте.
Неодамна се појави нов тренд откако уметникот Луна Кобра за првпат ги обоила своите очи за да ги имитира ликовите од филмот „Дина“.
Оттогаш постои Фејсбук страна именувана како „Eyeball Tattoos“ и околу 1.200 Инстаграм објави кои се посветени на овој чуден тренд.