Анорексичната актерка која тежеше 19 килограми денес изгледа многу поразлично (фото)
- Детали
- петок, 30 октомври 2015
За животната приказна на Рејчел Фарок и нејзината долгогодишна борба со анорексијата читавме и слушавме пред неполна година, кога го објави емотивното видео.
Во најлошиот период Рејчел имала само 19 килограми, иако била висока 170 сантиметри.
Имало периоди кога не можела да се движи, ниту самостојно да јаде, па нејзиниот сопруг бил принуден да се откаже од работата за да се грижи за неа.
Многу лекари и велеле дека мали и се шансите да преживее заради состојбата во која се наоѓа.
Но, хуманите луѓе ширум светот донирале околу 200 илјади долари за Рејчел, по што таа преку Фејсбук се заблагодарила.
„Конечно имама побистар ум и се движам низ животот. Ви благодарам,“ напиша рејчел пред неколку месеци.
По 3 месеци поминати во Португалија, почнала самостојно да јаде и да се грижи за себе, а пред само неколку дена отпатувала во Вашингтон каде била гостин на конгрес за пореметување во исхраната.
Токму таму се направени фотографиите од кои се гледа дека Рејчел повторно ја вратила контролата над својот живот.