Цел град порано прослави Божиќ за да ја исполни желбата на едно дете кое боледува од рак
- Детали
- среда, 28 октомври 2015
Оваа година за градот Сент Џорџ во Онтарио Божиќната ноќ била прославена на 24 октомври. Не затоа што градот се обидува да биде поразличен од светот или затоа што се наоѓа во друга временска зона, туку за едно мало дете по име Еван Лаверсејџ.
7-годишниот Еван боледува од мозочен тумор кој е во крајна фаза, болест против која се бори целиот свој живот. За жал, од неодамна неговото семејство било информирано дека состојбата се влошува, а Еван веројатно нема да преживее до крајот на оваа година.
Па, наместо сите да се препуштат на тагување и последните денови Еван да ги помине гледајќи го семејството како се подготвува за неговото заминување, решиле неговите последни месеци да ги исполнат со среќа и радост.
За таа цел, братучетката на Еван, Шели Велвуд решила да му даде подарок – го замолила сопственикот на една мала цвеќара да креира објава на Фејсбук во која го замолува целиот град да го прослави последниот Божиќ заедно со семејството на Еван.
Веројатно можете да претпоставите, целиот град одлучил да учествува во настанот.
Пораката се проширила и подалеку од овој мал град во Онтарио, па Еван добил божиќни пораки и честитки од целиот свет.
Секој кој сака да биде дел од Божиќното чудо може тоа да го направи преку хаштагот #LightsUpForEvan.