Дали фустанот има принт кој личи на вагина?
- Детали
- среда, 28 октомври 2015
Вејн Купер е еден од највлијателните дизајнери во Австралија, а неодамна неговиот нов макси фустан стана вирална атракција. Со причина, принтот кој тој го именувал како „Sahara Beaded“ многумина ги потсетува на женски полов орган.
По првата дебата која стана вирална околу тоа каква боја е фустанот, сега се појави најов хит.
School Mom го купила овој фустан од 219$ и откако се фотографирала забележала дека принтот на самиот фустан личи на вагина: „Го купив фустанот бидејќи навистина ми се допаѓаше, но кога се вратив дома погодете што ми кажа сопругот...“.
Решила да ја објави својата фотографија заедно со хаштаговите #DressFail и #OnceYouSeeYouCantUnsee, која за многу краток период предизвикала бура на Фејсбук од 8.500 коментари кои дебатираат околу тоа дали „Sahara Beaded“ на Вејн всушност е „вагина“ принт.
„Мојот сопруг му даде ново име на овој фустан: Танц со седумте вагини“.