Пребрзо растење, дебелина, материјализам: Проблеми со кои се соочува денешната младина
- Детали
- среда, 21 октомври 2015
Во 21-от век општеството покажа сериозна загриженост околу прашања кои се поврзани со младите и децата.
Некои проблеми секогаш постоеле, но дури сега се видливи за очите на јавноста, додека другите проблеми се поврзани со новите трендови и прилагодувањето на побрзото темпо на живеење.
Злоупотреба на алкохол и дрога
Порано буквално секој актер, односно актерка биле претставени на екранот со цигара во рака, па не е ни чудно што се сметало за нешто што е популарно и кул.
Како што се подигаше свеста за опасноста од пушењето така, се намали бројот на „кул“ слики поврзани со пушењето.
За жал, истото не може да се каже за дрогата и алкохолот. Во медиумите пиењето и употребувањето на дрога е прикажано како нешто што го прават сите луѓе.
Пребрзо растење
Постоеше време кога децата уживаа во своето детство и самиот факт што се деца. Светот беше игралиште, а тие беа подготвени да го зграпчат со своите фантазии.
Денес, дури и во најраната возраст децата се почесто се занимаваат во активности за возрасни што носи сериозни последици. Филмови, телевизија, интернет, каде и да се свртат ги бомбардираат со сексуални контексти.
Децата имаат секс уште на 10 и 11 години, а тинејџерска бременост сé повеќе се зголемува.
Концептот на детството буквално е избришан.
Материјализам
Живееме во општество кое го промовира материјализмот. Децата се учат дека мерката за успех и среќа во животот е базирана врз квантитетот, односно поседување на многу работи.
Имаме менталитет на добивање на она што го сакаме и кога го сакаме, што е вкоренето во нас уште од детството.
Дебелина
Последните бројки покажуваат дека 20% од американските деца се дебели.
Во Македонија речиси 38% од децата на возраст од 6 до 8 години имаат зголемена телесна маса.
За ова се виновни видео игрите, телевизијата, интернетот и брза храна.
Децата поминуваат повеќе време пред ТВ екранот или компјутерот отколку надвор.
Не е тајна дека дебелите деца често се предмет на потсмев од своите врсници на училиште што може да резултира со ниска самопочит, депресија и сл., а постои и можноста за појава на проблеми со здравјето.
Високиот крвен притисок, дијабетесот и некои други болести директно се поврзани со дебелината.
Автор: М.A. | Црнобело