15 земји каде луѓето живеат најдолго
- Детали
- среда, 21 октомври 2015
Светскиот Економски Форум неодамна направи истражување именувано како „Global Competitiveness Survey“ кое не ја разгледува само финансиската состојба на земјите, туку и здравјето и долговечноста на човечката популација.
Земјите се рангирани според тоа колкав е просечниот животен век и открива каде луѓето живеат најдолго.
10. Јужна Кореја – 81.4 години
Просечниот животен век во оваа земја од неодамна започна да расте благодарение на подобрувањето на животните стандарди и зголемувањето на бројот на луѓе кои влегуваат во средната класа.
10. Луксембург - 81.4 години
Тука живеат мал број на луѓе, но со голема заработувачка, па очигледно е дека имаат пристап до квалитетно здравство и квалитетен начин на исхрана.
9. Норвешка – 81.5 години
Животниот век полека но сигурно се зголемува во Норвешка како резултат на намалениот морталитет на новороденчињата.
8. Велика Британија – 81.7 години
Британија ги има највисоките нивоа на дебелина во Западна Европа, но и покрај тоа, благодарение на квалитетното здравство нацијата успева да живее долго.
8. Шведска – 81.7 години
Неодамнешни истражувања покажале дека високиот квалитет на водата во Шведска влијае на здравјето на нацијата.
8. Израел - 81.7 години
Мажите во Израел имаат најдолг животен век во светот, но ова важи само за Ерусалим, а не и другите градови каде има пораст на насилството.
7. Австралија – 82.1 години
Светската здравствена организација тврди дека со пораст на луѓето кои се одлучуваат за здрави животни навики се зголемил и просечниот животен век во земјата.
7. Сингапур - 82.1 години
Благодарение на превентивните здравствени мерки, животниот век во оваа земја драстично е зголемен во последните 30 години.
Уште 7 земји на следната страна...