Во чест на својата почината сестра направила фотосесија од деца со Даунов синдром
- Детали
- вторник, 20 октомври 2015
Еден фотограф се одлучил да ја искористи својата тага од загубата на својата сестра за да ги инспирира луѓето ширум светот кои се соочуваат со истата состојба како и нејзината сестра.
Џули Вилсон е 34-годишна жена од Линвуд која пред четири години ја загубила својата сестра, Дина Скопа, која била родена со Даунов синдром и починала како резултат на срцева слабост.
Во чест на сеќавањето за својата сестра, повикала 11 семејства во кои има деца со Даунов синдром за да направи инспиративна фотосесија.
Докторите не очекувале дека Дина ќе може да живее повеќе од 7 години, па првите 15 години од нејзиниот живот биле бурен период за целото семејство.
„Замислете да знаете дека вашето дете може да си замине во било кој момент, да знаете дека може да почине на одредена возраст“ – објаснува Вилсон.
„Сега и јас имам свое дете и не сакам ни да замислам како се чувствувале моите, не сакам ни да замислам дека можам да ги слушнам тие зборови за моето дете“ – додава.