Реакција на невестата кога младоженецот ја откажува свадбата
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2015
Кери Двејн добила порака од нејзината ќерка Квин дека нејзиното момче во последен момент ја откажало свадбата. По утешителните зборови, одлучила да не седат мирно, туку да ја искористат веќе резервираната вечера во хуманитарни цели.
Семејството веќе имало платено 35.000 долари за свадбата на Квин и било предоцна за да можат да ја откажат резервацијата на просторот и храната, па за да не отиде се бесполезно, одлучиле да ги поканат бездомниците од нивниот град да уживаат во вкусна храна и топол простор.
Кери Двејн ги поканила сите бездомници од Сакраменто да уживаат во вкусната храна од хотелот со четири ѕвезди која се состоела од предјадење, салата, карфиол, њоки, лосос и телешко месо.
„Кога минувате низ тежок период најдобро е да се насочите кон тоа да направите нешто добро за целото семејство, а за нас тоа што овие луѓе го направија претставува вистински благослов“ – изјавил еден од бездомниците кој дошол заедно со своето 5-члено семејство.
Невестата не била во добро расположение за да присуствува на настанот, но нејзината мајка била задоволна што барем некој може да ужива в вкусната храна.
„Ме боли срцето за мојата ќерка, но мора да се обидеме да направиме нешто позитивно од целата ситуација“ – изјавила Кери.