Моќна фотосесија покажува колку сме отуѓени еден од друг

Според истаржувачкиот центар „Pew“, дури 65% од Американците секојдневно ги употребуваат социјалните мрежи, а овој број полека но сигурно расте уште од 2005-та година. Дигиталната пандемија е толку голема што ако ги погледнете луѓето околу вас, многу поверојатно е дека ќе ги забележите како гледаат во својот телефон, одошто да имате некаков контакт очи во очи.

mokjna-fotosesija-pokazuva-kolku-sme-otugjeni-eden-od-drug-01.jpg

Денес луѓето се отуѓени, социјалната интеракција се одвива преку Фејсбук или Инстаграм, а се помалку во разговор очи во очи.

Токму за таа цел, фотографот Ерик Пикерсгил решил да направи моќна фотосесија во која покажува колку сме физички одвоени од луѓето околу нас.

Станува збор за серија фотографии од секојдневниот живот каде се отстранети електронските направи кои секојдневно ги употребуваме.

Проектот е именуван како „Removed“, а инспирацијата ја добил додека седел едно утро во кафуле: „Едно семејство седеше веднаш до мене и воопшто не се перципираа. Разговорите беа ретки. Таткото и двете ќерки беа загледани во своите телефони, мајката која немаше телефон покрај себе гледаше надвор низ прозорецот. Таткото одвреме навреме ќе ја подигнеше главата од телефонот и ќе споделеше некоја неважна информација која ја сретнал на својот телефон. Никој не возвраќаше...“

Би можело да ве интересира:

Стотици волонтери ги чистат улиците, луѓе фрлаат кал по кралот и кралицата – Шпанија по разорните по... Стотици волонтери излегоа на улиците за да помогнат во расчистувањето на пустошо...
Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
Сакала живот како принцеза, но доживеала кошмар – Тажната приказна на келнерка која се омажи за шеик На 19 години мислела дека го нашла „принцот на бел коњ“ кога се омажила за принц...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Бизарно или храбро: Инженер обожава да носи здолништа и чевли со високи потпетици Сите мислат дека е хомосексуалец, бидејќи постојано носи високи потпетици и здол...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg