Девојка 3 години се фотографирала за да ја прикаже промената на полот
- Детали
- четврток, 08 октомври 2015
Ова младо момче било родено како девојче, но тоа никогаш не му се допаѓало – никогаш не се чувствувал удобно во сопствената кожа. Па затоа, Џејми Рајнес на 18-годишна возраст започнал да употребува тестостерон за целосно да го промени сопствениот изглед во машко.
Решил целиот процес да го документира со селфи фотографии.
„Прво планирав да се сликам само првата година, но дотогаш сè уште немав брада, па продолжив со фотографирање и наредните две години додека не ми порасна“ – вели Џејми.
Првите промени се речиси незабележливи, но како што поминува времето можете полека да забележите како се губат женските атрибути и полека но сигурно лицето му се издолжува, носот се менува и на крајот му расте брада.
Погледнете ја неговата транзиција: