6 урбани легенди кои се покажале како вистинити

Урбана легенда или урбан мит е форма на модерен фолклор составен од измислени приказни со страшни елементи, длабоко вкоренети во локалната популарната култура. Овие легенди се користат за забавни цели, како и за објаснувања на мистериозни настани.

6-urbani-legendi-koi-se-pokazale-kako-vistiniti-001.jpg

Легендата не мора да потекнува од некоја урбана средина. Терминот се користи за да се разликува модерната легенда од народното творештво. Поради оваа причина, социолозите и фолклористите го преферираат терминот „современа легенда“.

1. Мртво тело под кревет

Легенда: Еден пар решил да преспие во хотел, но цела ноќ чувствувале чуден мирис. Следното утро го повикале персоналот и се жалеле на смрдеата. Под душекот е пронајдено тело на мртва девојка.

Вистинската приказна: Ова се случило во бројни прилики. Случаи се пријавени во Канзас Сити, Атлантик Сити, Њу Џерси и Лас Вегас.


2. Црна вода

Легенда: Семејството се сели во нов дом, а водата од тушот и мијалникот е целосно црна.

Вистинската приказна: Во 2013-та година, гостите во хотелот Сесил во Лос Анџелес забележале дека водата има чуден мирис и изглед. Тие продолжиле да ја користат истата околу една недела пред да се пожалат на хотелскиот менаџмент.

Причината за црната вода била мртвото тело на еден студент во една од цистерните за вода. Никој не знае како тој загинал.


3. Обезглавување од лифт

Легенда: Некој го заробила вратата од лифтот, а потоа е обезглавен или изгубил некој екстремитет.

Вистинската приказна: Во 2003-та година, д-р Хитоши Никаидо влегол во лифт во една болница во Хјустон, но вратата на лифтот се затворила многу рано. Му го закачила торзото, и како што тргнал лифтот, му се отсекла главата.


4. Токсична дама

Легенда: После операција на еден пациентка сите медицински сестри и лекари кои биле во контакт со неа одеднаш станале болни и умреле.

Вистинска приказна: Во 1994-та година, пациент со рак е примен во болница.

Кога медицинските сестри се обиделе да добијат примерок од  неговата крв, отровните гасови од крвта им предизвикале зашеметеност.

Тие немале контрола над нивните екстремитети кога се разбудиле. Никој не знае што ја предизвикало крвта да биде толку токсична.


5. Тело во ѕидот

Легенда: Градежни работници пронашле човечки скелет во ѕид додека го реновирале домот.

Вистинската приказна: За време на реновирање на една банка во 2011-та година, работниците пронашле коски од човек кој бил исчезнат 27 години.

Се верува дека се заглавил во оџакот, додека се обидувал да ја ограби банката во 1984 година.


6. Не си сам

Легенда: Еден човек кој живеел сам секогаш се чувствувал како да има уште некој во неговата куќа. Тој подоцна дознава дека некој странец живеел во неговиот таван.

Вистинската приказна: Во 2008-та година во Јапонија, еден човек почнал да забележува дека му исчезнуваат прехранбените продукти во куќата.

Тој поставил камери за да откриле што всушност се случува. Камерите откриле дека една жена бездомник живеела во неговиот креденец цела година и му ја јадела храната.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Емотивно видео: 8-годишно дете со тумор на мозокот доби златен тастер на Britain’s Got Talent Рави од Англија има осум години и тумор на мозокот, а во новата епизода на Brita...
10 најплатени познати личности на Инстаграм - за една објава земаат милиони Освен што се најпопуларни, тие се и најплатени познати личности на Инстаграм. За...
Сака да носи женска облека, се дружи само со богаташи: Синот на кошаркарот Меџик Џонсон живее во рас... Кошаркарот Меџик Џонсон има изјавено дека тешко го прифатил фактот дека син му е...
Докторот што ја оперирал Британката која почина во Белград: „Јас не сум виновен“ „Девојката не почина од компликации по операцијата за намалување на желудникот“ ...
Македонија е на 84-то место: Кои се најсреќните, а кои „најмизерните“ држави во 2024-та? Македонија е на подобра позиција од лани, додека Финска, очекувано, повторно е н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg