Среќа и солзи во едно: Исполнување на последните желби
- Детали
- сабота, 26 септември 2015
Кес Велдбоер возач на амбулантно возило го пренесувал пациентот Марио Стефануто од една болница до друга. Пензионираниот Стефануто очајно сакал за последен пат да ја пoчувствува водата, а Велдбоер одлучил да му ја исполни желбата.
„Солзи радосници пролеа“ – изјавил Велдбоер.
Така се родила идејата за создавање на Ambulance Wish Foundation која ги исполнува желбите на оние пациенти кои наскоро ќе си заминат од овој свет.
Фондацијата моментално има 230 волонтери кои успеале да исполнат дури 7.000 желби да ги претвори во реалност.
Единствениот проблем е во тоа што повеќето од пациентите не можат да станат од кревет, па нивното придвижување знае да биде проблематично.
Во секој случај тоа не ги спречува да продолжат да се обидуваат да ги исполнуваат нивните пред смртни желби.