Фотограф ги прашува бегалците: Која е најважната работа која ја понесовте со себе? Ова се одговорите (фото)
Дуд Аг Ахмид побегнал со своето семејство и притоа вели дека да не ја имал оваа перница, патувањето на магарето би било многу тешко.
Една мајка и нејзините ќерки кои се бегалци од Ангола велат дека сите три спијат на овој душек, а со нив и едно бебе. Не можат ни да си замислат како би преноќиле без него.
Абду Аг Муса го пронашол својот мир со најблиските дури откако останал без неколку членови од семејството. Вели дека не би успеал да побегне да не го имал моторот.
Довла Барик е 22-годишна жена која 10 дена патувала до југот на Судан со своите две деца. Постојано ги носела со помош на оваа импровизирана носилка.
Хауард Серад е уште едно младо момче кое избегало во јужен Судан. За време на неговото патување од 20 дена, со овој нож се одбранил себеси и своето семејство од сите напаѓачи и животни.
Магбола Алхади е 20-годишна девојка со 3 деца која го напуштила родното село и отишла во камп за бегалци во југот на Судан. Патувала 12 дена со своите деца, а најважниот предмет кој го земала со себе бил овој лонец.