Фотограф ги прашува бегалците: Која е најважната работа која ја понесовте со себе? Ова се одговорите (фото)
- Детали
- петок, 18 септември 2015
Фотографот Брајан Сокол имал прилика да поразговара со неколку лица кои биле приморани да ги напуштат своите домови заради војна и да се засолнат некаде каде што ќе бидат побезбедни.
Сосема очекувано, со себе го понеле само она најнеопходното.
Но, кога Брајан ги замолил да издвојат исклучиво една работа без која сметаат дека не би можеле да преживеат, ги добил следниве одговори:
Ханџа со себе понела само една огромна марама во која ја носи својата 18-месечна внука. Во тие 25 дена пешачење до јужната Суданска граница, на себе немала ниту чевли.
Ахмед е 70-годишен старец кој со своето семејство избегал од Сирија во Ирак. Најважната работа која ја понел со себе бил бастунот без кој немало да успее да ја премине границата.
Откако мајката на ова момче била убиена, решил да се упати во камп за бегалци. Притоа не се одвоил од својата мрежа за ловење која му носи заработка и храна.
„Кога ги здогледав овие фармерки си помислив дека се совршени за мене затоа што имаат цветчиња, а јас многу сакам цвеќе,“ вели 9-годишно девојче кое од Сирија избегало во Ирак.
Фиделајн е 13-годишно девојче кое исто така со своето семејство живее во прифатилиште. „Најважни ми се моите тетратки и книги. Сакам да учам за еден ден да станам некој и нешто.“
Уште 6 фотографии на следната страна...