Професор без рака секој ден врзува креда за да подучува сиромашни деца во Кина
- Детали
- петок, 11 септември 2015
41-годишниот Џијанг Шенфа останал без раце по електричен шок кој му се случил во 1996-та година, а сега секој ден поминува 8km во пешачење за да стигне до едно планинско училиште во Јужна Кина и да предава.
Тој е професор по Кинески јазик повеќе од 20 години кој додека им помагал на своите соседи да ја поправат својата струја, останал без своите раце.
Во 2003-та година едно планинско село во Јунан провинцијата барало професор. Поради неговата локација и лошите услови за живеење, селото имало потешкотии при наоѓањето на професор.
Шенфа кој откако ја доживеал несреќата се пензионирал, решил да се согласи на оваа задача и привремено да работи во ова училиште. Привремената работа полека, но сигурно станала постојана работа и посветеност на учениците од ова село.