Згоден модел го жртвувал сексуалниот живот за да има побујна коса

Јоргос Цетис е модел кој во своите 20-ти години се борел со сексуална дисфункција која била нус појава на превентивните лекарства кои ги пиел за да не ја загуби неговата коса.

ja-zdrtvuval-svojata-seksualnost-01.jpg

Сега кога тој е во своите 30-ти години не би имале можност да забележите дека некогаш неговата коса била пред опаѓање, бидејќи сега има густа и сјајна коса.

ja-zdrtvuval-svojata-seksualnost-02.jpg

Бил на врвот од својата кариера и постојано добивал договори како за да оди по модните писти на познатите модни куќи, така и за рекламни кампањи во Лондон, Њујорк и Италија. Постоела само една работа која го попречувала неговиот успех – опаѓањето на косата.

Додека активно работел со Вог Италија и Стивен Мајзел за познати модни куќи како Армани и Версаче, открил дека неговата коса паѓа.

„Има голем број на машки модели кои се борат со овој проблем и мораат да употребуваат превентивни мерки за да не ја изгубат косата“ – објаснува Цетис.

ja-zdrtvuval-svojata-seksualnost-1.jpg

За да ја спаси својата кариера, тој решил да употребува веќе одобрен лек Propecia без да знае дека ќе влијае на неговата сексуална способност.

„Мојата самодоверба како маж целосно се изгуби, а за малку ќе ја изгубев и мојата девојка“ – објаснува Цетис.

Решил да се ослободи од употребувањето на овој лек и да открие нов начин на третирање на опаѓањето на косата.

Во соработка со Роланд Пералта креирале витамински суплемент познат како Nutrafol кој е направен од природни состојки.

„Се чувствувам благословено и среќен сум што конечно можам да функционирам нормално и да ја задржам својата кариера“ – заклучува Цетис.

ja-zdrtvuval-svojata-seksualnost-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg