Зошто оваа фотка од татко и син кои трчаат на дожд е инспирација за многумина?

Родителите на 6-годишниот Бен биле психички подготвени на фактот дека нивното младо момче како резултат на карциномот на коски ќе мора да му ја ампутираат ногата, но она што не ни очекувале дека ќе се случи е дека тој ќе стане вистинска инспирација ширум светот.

zoshto-ovaa-fotografija-od-momce-koe-trca-na-dozd-so-tatko-mu-e-inspiiracija-za-mnogumina-001.jpg

Сега кога веќе има 14 години, Бен неколку пати се има појавено на медиумите, а меѓу приказните вклучена е и таа кога еден маринец му помогнал да го доврши својот триатлон откако не можел да продолжи да трча со неговата вештачка нога.

Сега одново е центар на вниманието откако се појави фотографија во која тој трча на дожд заедно со татко му.

zoshto-ovaa-fotografija-od-momce-koe-trca-na-dozd-so-tatko-mu-e-inspiiracija-za-mnogumina-1.jpg

Фотографијата станала вирална откако неговата сестра ја пратила на фото натпревар за списанието Runner’s World, но била дисквалификувана затоа што Бен нема 18 години. Направена е во 2013-та година кога тој учествувал на еден триатлон.

zoshto-ovaa-fotografija-od-momce-koe-trca-na-dozd-so-tatko-mu-e-inspiiracija-za-mnogumina-2.jpg

Ладната вода додека пливал и возењето велосипед на дождливото време му ја потрошиле целата енергија за да продолжи да трча, па татко му решил да го поддржи.

„Беше преморан па решив да трчам заедно со него“ – објаснува Џеј Си таткото на Бен.

„Не е ни чудно што е инспирација за сите кои имаат некаква ампутација за да продолжат да живеат активен живот, а фотографијата е доказ дека ништо не треба да ве спречува за да продолжите да живеете нормален живот, без разлика на несреќните околности“ – додава тој.

Малиот Бен одвојува време да ги посети сите оние кои моментално се по болниците и се борат со карцином на коските, како што и тој се борел кога имал само 6 години.

zoshto-ovaa-fotografija-od-momce-koe-trca-na-dozd-so-tatko-mu-e-inspiiracija-za-mnogumina-3.jpeg

Неговото семејство смета дека добро е тоа што неговата фотографија станала вирална во период кога се воведуваат нови промени во здравството со кои се планира да се намалат материјалните средства кои ќе се одвојуваат за развој на нови типови на простетика, а и затоа што септември е месец на децата кои се борат со ракот.

„Никогаш не сум очекувал дека ќе имам рак и дека ќе останам без мојата нога, но тоа не ме спречи да продолжам понатаму. Сега сум излечен, возам велосипед, пливам и сурфам. Тоа што ногата ми е ампутирана не ме запре, туку ми донесе пречки кои успешно ги надминувам“ – вели Бен.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg