Новата организација на дистрибуцијата – Зона Исток и Зона Запад
- Детали
- вторник, 01 септември 2015
Загреб, 31. август 2015 - Атлантик група ја дефинираше интернационализацијата на бизнисот како една од своите основни стратешки цели кои ќе го потпомогне понатамошниот развој и тоа пре сè во: Западна, Северна Европа и регионот ЗНД. Со цел бизнис организацијата што посоодветно да одговори на поставените цели, компанијата спроведе стратешка реорганизација на вкупната бизнис дистрибуција која е важна алка на растот и развојот како во регионот, така и на странските пазари. Така на почетокот на септември работните места за дистрибуција на ниво Групацијата беа организирани преку две главни зони: Зона Исток и Зона Запад. Во новата организација Зоната Исток се состои од земјите во Југоисточна Европа, балтичките земји и оние во регионот на ЗНД, додека Зоната Запад ги вклучува централна и југоисточна Европа, нордиските земји како и сите пазари во прекуморските земји.
Зона Исток
Среќко Накиќ е назначен за потпретседател на Зоната Исток и нему ќе му одговараат сите менаџери одговорни за работење во рамките на Зоната (СДО Хрватска, СДО Србија, ДО Словенија, ДО Македонија, СДО Хорека, СДР (Стратешки дистрибутивен регион) Балтик и ЗНД, партнерска дистрибуција на пазарите во Косово, Бугарија и Романија, БО детска храна. Секоја локална единица во Зоната Исток продолжува со своето редовно деловно работење, располагајќи во целост со сите оперативни и функции за поддршка..
Зона Запад
Бојан Клариќ е назначен за потпретседател за Зона Запад, и нему ќе му одговараат сите менаџери одговорни за работа во Зоната (СДО DACH - Германија, Австрија и Швајцарија - Бенелукс & ДР Медитеран и Африка, партнерска дистрибуција за регионот на Централна Европа и прекуморските земји, ДР Северозападна Европа и Австралија). Во рамките на секоја од овие територии главниот фокус ќе биде насочен кон конвенционалните малопродажни канали, со специјално формирани тимови посветени на посебните дистрибутивни канали вклучувајќи го и спортскиот и етно канал. Со цел на најдобар можен начин да се искористи локалното знаењето и стекнато искуството, секоја дистрибутивна област ќе има локално управување со трговските брендови, а со тоа и распределена корпоративна поддршка.
Multipower како водечки европски бренд за спортскa исхрана заедно со останатите силни регионални брендови на Атлантик Група кои имаат видно место во Југоисточна Европа, а се присутни и на западните пазари и се со силен меѓународен потенцијал (паштети, тајната баба, Донат Мг, Цедевита, бебе), имаат за цел работните активности да ги фокусира на градење и зајакнување на сопствените капацитети, дистрибуција и продажба, пред сè во Западна Европа. Конечната цел е да се развие квалитетна сопствена дистрибуциска поддршка на целокупното портфолио на Атлантик Група кај сите клучни меѓународни пазари. Во прилог на веќе постоечките компании во Италија, Велика Британија и Шпанија, новата компанија за дистрибуција прво ќе се основаат во Германија и Австрија, а подоцна и во Швајцарија и Шведска. Со цел да се обезбеди целосна поддршка на портфолиото на Атлантик Група планирани се значајни инвестиции на пазарот и зајакнување на локалните тимови.