Човечката убавина не е само на модните писти и бразилските плажи
- Детали
- вторник, 01 септември 2015
Фотографот Рик Гидоти својата слава ја доби покрај познатите модели како Синди Крафорд, сликајќи ги убавиците на модната писта, но една случајна средба засекогаш му ги променила ставовите за тоа што значи вистинска убавина.
Додека чекал автобус, одблизу видел бела девојка со блед тен и речиси бела коса. Посакал да ја слика, но го одбила. Оттогаш па навака тој започнал да ги проучува генетските заболувања и физичките промени кои може да се случат кај оние кои страдаат.
Така ја основал својата организација Positive Exposure која употребува фотографии и видеа за да ја трансформира перцепцијата ширум светот, за што е тоа вистинска убавина.