Животна приказна: Син ја рани својата неподвижна мајка со уста, бидејќи нема раце

Чен Зинјинг е 48-годишен човек кој има прилично проблематичен живот – не само што нема раце, туку се грижи и за својата парализирана мајка. Тој секојдневно ја храни мајка си, а бидејќи нема раце, тоа го прави со својата уста.

nema-race-pa-so-usta-ja-rani-svojata-paralizirana-majka-01.jpg

Зинјинг секојдневно се грижи за својата 91-годишна мајка и ја рани со лажица меѓу забите. Тие живеат во мало село од југозападна Кина.

Рацете ги загубил кога имал 7 години откако доживеал електричен шок, но и покрај тоа напорно работел и работи на семејната фарма. Уште поголема трагедија се случила кога починал неговиот татко и го оставил сам да се грижи како за фармата, така и за својата мајка.

Кога здравјето на неговата мајка од ден на ден започнало да се влошува, негов пријател му дал предлог да проси, но тој гневно одговорил на советот: „Немам раце, но имам нозе. Не можам така да заработувам“.

Така, и покрај тоа што нема раце – тој готви, се занимава со земјоделие и прави плетени кошници. Зимата за него е посебно тешка, бидејќи тешко успева да облече чорапи, па нозете често му замрзнуваат.

Животот знае да биде без милост...

Би можело да ве интересира:

„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Пробувам да забременам, но се плашам дека ќе бидам ужасна мајка - Што да правам?“ „Мојот сопруг и јас веќе подолго време пробуваме да добиеме дете. Но, јас сум уш...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg