Мајка и ќерка потрошиле 63.000 долари за да изгледаат како пластични кукли
- Детали
- четврток, 27 август 2015
Џорџина и Кајла се најчудните мајка и ќерка, затоа што на 17 години мајката и дозволила на својата ќерка да го напушти училиштето и да работи како стриптизета за да може да ги плати пластичните операции.
38-годишната мајка и 20-годишната ќерка досега потрошиле над 60.000 долари за да изгледаат како пластични кукли.
38-годишната мајка вели дека не и пречи што нејзината ќерка има 50-годино момче кое ја „поддржува“ финансиски во она што го прави.
„Среќна сум што имам ќерка како Кајла, која плаќа за своите и моите третмани. Не ми пречи што има постаро момче или што работи како стриптизета за да плати за хируршките зафати. Го живееме сонот и навистина сум горда на неа,“ вели мајката.
Кајла досега има направено операција на градите, инјекции во усните, 5 пати неделно оди на солариум, има екстензии во косата, маникир, избелување на забите и полу-трајна шминка, додека нејзината мајка Џорџина има инјекции во усните, филери на јаболкниците, ботокс, полу-трајна шминка, 5 пати неделно оди на солариум, ги избелува забите и редовно посетува фризер и маникир.
Сами оценете каков е крајниот резултат „вреден“ 63.000 долари: