Кога исмевањето и понижувањето од другите ќе ве научаат да го сакате своето тело (фото)
- Детали
- среда, 26 август 2015
24-годишната Џорџа Лануза уште како млада тинејџерка била соочена со суровоста и чудните погледи на своите соученици и непознатите луѓе кои гледале на неа како на „чудак“.
Таа страда од болна состојба на кожата – псоријаза уште од 13 години. Поголемиот дел од луѓето имаат мали и речиси незабележливи делови на телото каде се појавува оваа болест, но кај Лануза речиси 97% од телото е опфатено од болеста која се појавува како црвени рани.
По долги години криење и срамење од нејзиното „грдо“ тело, таа решила гордо да и покаже на јавноста како изгледа и да стане јавна поддршка за сите луѓе кои се борат со псоријазата.
Нејзината кампања има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да го прифатат својот изглед.
„Склопив портфолио од мои фотографии во бикини или многу малку облека за да покажам дека нема повеќе да ја кријам мојата состојба“ – објаснува Лануза.
„После сите овие години конечно се чувствувам доволно самоуверено за да им покажам и на другите жени дека нивните маани, всушност се нивната силна страна“ – додава таа.
Псоријазата најчесто се јавува како резултат на силна траума во животот, а во животот на Лануза, тоа било смртта на нејзиниот татко со кој била многу блиска.