Се откажува од манекенството затоа што е „предебела“ за модната индустрија

19-годишната Агнес Хеденгард е шведски модел кој открива дека таа од модната индустрија е дефинирана како „предебела“ иако според својата тежина таа влегува во групата на потхранети.

se-otkazuva-od-modelingot-zatoa-shto-e-pregolema-za-modnata-industrija-01.jpg

Овој шведски модел ги открива апсурдните стандарди на модната индустрија и причината поради која решила да се откаже од моделингот – таа се бори да дојде до модната писта, бидејќи поголемиот дел од дизајнерите велат дека треба да тежи помалку.

Оваа тинејџерка има Индекс на телесна тежина од 17.5 и влегува во групата на потхранети, но тоа не е доволно за модните куќи.

„Мислат дека моето тело е големо. Ми викаат дека мојот задник е преголем и дека моите колкови се прешироки“ – објаснува таа во своето видео.

„Ќе ме повикаат на интервју, но откако ќе ги земат моите мерки веднаш се откажуваат. Ми велат дека сум преголема и дека треба да добијам подобра и витка форма за да можам да потпишам било каков договор“ – додава Хеденгард.

Сега веќе се откажала од нејзината кариера во модата и работи како продажен асистент во Стокхолм, но решила својата приказна да ја сподели со целиот свет.

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg