Гола и со врзани очи, девојка испраќа порака до сите кои се борат со анорексија и булимија
- Детали
- среда, 19 август 2015
Џае Вест во своите доцни пубертетски години и раните 20-ти години имала нарушување во исхраната и од лично искуство добро знае колку напор и силна волја е потребна за да се надмине истото.
Таа моментално работи заедно со групата The Liberators International и добила идеја до која „ќе го доживее надворешното искуство да верува на тотално непознати луѓе“ и да го отвори своето срце за работите кои низ кои минувала додека била во средно училиште и факултет.
За Вест ова видео претставувало соочување со сите проблеми и сфаќања кои ги имала околу идеалната слика за нејзиното тело.
„Бев исплашена дека никој нема да нацрта ниту едно срце на моето тело и дека ќе останев да стојам така во мојата долна облека и ќе бидам исмевана, но како што поминуваа минутите ги почувствував пенкалата на мојата кожа... Тоа беше едно од најневеројатните доживувања кое сум го почувствувала некогаш во животот“ – објаснува Вест.