Секое дете заслужува дом: Фотографии кои ги менуваат ставовите за посвојувањето
- Детали
- среда, 19 август 2015
Што ви доаѓа на ум кога размислувате за поимот сираче? Можеби замислувате проблематично дете кое во голема веројатност е и деликвент или „тешко“ дете кое никогаш не е среќно?
Постојат голем број на стереотипи за децата кои од некоја причина немаат семејство и често остануваат во домовите без да бидат посвоени.
Над 100.000 деца во Америка чекаат да бидат посвоени и да имаат свој постојан дом за живеење и топло семејство кое ќе ги сака.
Некои од нив никогаш не престануваат да чекаат за на крајот да наполнат 18 години и да излезат од домот.
Постојат речиси 81.5 милиони Американци кои сакаат да посвојат дете, но прашањето е: „Зошто не го прават тоа?“ Ако има толку многу луѓе кои сакаат да станат родители и толку многу деца кои имаат потреба од топол дом, зошто тие сè уште остануваат во домовите за посвојување?
Некои претпоставуваат дека главна причина за тоа се негативните стереотипи кои се врзуваат за овие деца, па групата Together We Rise решила со споделување на фотографии да ги сруши стереотипите за овие деца.
Овие фотографии не се наменети само за да го стопат срцето на секој кој има можност да ги погледне, туку и да ги промени ставовите околу посвојувањето на сирачињата.