Разликата во години не е проблем: 22-годишна девојка се венча со 58-годишен маж
- Детали
- понеделник, 17 август 2015
Карли Кинг е 22-годишна девојка која се подготвува следниот викенд да ја официјализира љубовта со нејзиниот 58-годишен вереник. Инаку, тој има 3 деца постари од неа.
Карли и Били за прв пат се запознале кога таа имала 18 години и автомобилот и се расипал. Нејзината сестра ја советувала да отиде до кај него и да побара помош.
„Само што го видов, сфатив дека ми се допаѓа. Но, тогаш бев многу подебела и со огромни детски очила, па мислам дека тој не ме ни забележа,“ раскажува 22-годишната девојка.
Но, романсата започнала само 6 месеци подоцна кога Карли се вработила во локален бар.
„Мислам дека тогаш првпат му се допаднав. На крајот од смената, му нудев да го префрлам до дома, а тој се согласуваше. Така и започна.“
Од тогаш парот е мета на многу критики и осудувања, токму поради големата разлика во години.
Дел од луѓето ја осудуваат Карли дека е со него заради парите, додека дел од нив го осудуваат Били затоа што има 3 деца постари од неа.
„Мајка ми сакаше да го запознае 2 месеци откако бевме во врска. Сите го засакаа. Плус, мајка ми го сака она што јас го сакам. Таа е најдобрата, само сака да сум среќна. Били веројатно не нејзиниот идеален избор за мене, но сфаќа дека ме прави среќна. Моите пријатели исто така не кажуваа многу на почетокот за да не ми ги повредат чувствата. Само сакаа да сум среќна.“
Парот со разлика од 36 години идниот викенд ќе стапи во брак пред неколку десетици пријатели и семејствата.