Заработува по 10.000 долари месечно, а користи само компири и пенкало (видео)
- Детали
- понеделник, 17 август 2015
Алекс Крег е 24-годишно момче од Тексас кое заработува по 10.000 долари месечно од навидум чудна идеја.
Овој генијалец развил бизнис од пишување на лични пораки на компир.
Купувачот може да испрати порака на компир на кој и да посака, а притоа да остане анонимен.
Иако девојката на Алекс му рекла дека тоа е најглупавата идеја која ја слушнала некогаш, тој денес заработува преку 10.000 долари годишно.
- Почнав да го промовирам бизнисот на Редит и за 2 дена заработивме 2.000 долари. Знаев дека тоа е тоа. Единствено нешто што ги спречува луѓето да работат е стравот и сомневањето во себе, вели Алекс.
Тој наплаќа 8 до 10 долари за една ваква порака на компир, а текстот си го смислува испраќачот.