Забрана за голотија во Дубровник - девојката која шеташе по танга низ градот предизвика бурни реакции (фото)
- Детали
- петок, 14 август 2015
Пред само неколку дена вирално се прошири фотографијата на која една непозната девојка низ Дубровник се шета по танга и горен костим за капење.
Заради одбрана од непристојните туристи во Дубровник се најавува битка против лошиот вкус со поставени знаци „забранета голотија“.
„За жал, оваа година заради целата ситуација не успеавме да составиме правилник, но да, ја видовме фотографијата и навистина е непримерно така да се шеташ низ град. Затоа идната сезона ќе ја започнеме со знаци за забрането шетање во вакви и слични изданија, на 3 места на влезот во градот. И за предупредување и санкционирање ќе бидат задолжени комунални редари, затоа што тогаш луѓето нема да можат да се извлекуваат дека не знаеле кога знаците за забрана се тука,“ изјавил заменик градоначалникот на Дубровник.