„Ги плашиш гостите“: Аутистичната сестра на Наталија Водјанова избркана од кафуле
- Детали
- петок, 14 август 2015
27-годишниот руски супермодел Наталија Водјанова ги разбранува социјалните мрежи откако на својот Фејсбук профил објави фотографија од својата сестра и непријатната случка која отвори дебата за третирањето на децата со аутизам во Русија.
Нејзината сестра која има аутизам и церебрална парализа излегла на прошетка заедно со нејзината дадилка и решиле да во едно кафуле. Тој ден бил прилично жежок во малиот град Нижни Новгород и решиле да одморат, но таа идеја ни малку не му се допаднала на сопственикот на кафулето кој побарал веднаш да излезат со објаснувањето дека таа „ги плашела другите потрошувачи“.
„Заминете си. Ги плашите сите наши потрошувачи. Одете побарајте медицинска помош и потоа излегувајте во јавност“ – тоа се зборовите кои ги насочил кон Оксана, сестрата на супермоделот.
Откако дадилката се обидела да му објасни на сопственикот на кафулето дека Оксана е дете со посебни потреби тој повикал обезбедување заедно со изјавата: „Заминете се инаку ќе повикаме брза помош да ве однесат во лудница и да ве затворат“.
Непријатностите не завршиле таму - откако пристигнала Лариса, мајката на Наталија и Оксана, тие биле одведени до најблиската полициска станица каде биле обвинети за хулиганизам.
Неколку часови по објавата на Наталија, работите се свртеле. Започнала криминална истрага околу тоа дали сопственикот направил кривично дело со неговото однесување.
Самиот случај предизвика голем бум на руските медиуми, бидејќи Русија е место каде човековите права на лицата со посебни потреби се далеку од спроведени и почитувани.
Водјанова е долгогодишен борец за правата на лицата со посебни потреби која во 2014-та година ја отворила фондацијата „Naked Heart“ за обесправените деца во Русија, 33-годишниот супермодел е и амбасадор на минатогодишните зимски Паралимписки Игри.
„Што и се случи на Оксана не е изолиран случај. Ова за жал е реалност на голем број на семејства кои имаат блиски со посебни потреби. Тешко ми е да зборувам за ова, но потребно е да се даде мал аларм за да се промени однесувањето на руското општество“ – изјавила Водјанова.
Русија досега неколкупати се обидела да го подобри третманот на лицата со пречки во развојот каде постојат речиси 13 милиони луѓе со посебни потреби, односно 9% од популацијата, но повеќе од очигледно е дека се далеку од идеалот.